Испечати

Брауни срциња (без печење)

Брауни срциња (без печење)

Состојки

  • 1 чаша јаткасти плодови (ореви, бадеми, индиски ореви)
  • 2 лажици какао
  • 1 лажичка чиа семе
  • 15 урми без семка
  • 1-2 лажици стопено кокосово масло
  • 150-200г чоколадо

Подготовка

Подготовка

1. Најпрво сомелете ги јаткастите плодови. Потоа додајте какао, чиа семе и урми и обработете во процесор за храна. Кога се е убаво измешано, додајте мала количина растопено кокосово масло додека да добиете структура на тесто.
2. Истурете го добиеното тесто врз хартија за печење и покријте го со уште едно парче хартија. Расукајте во подебела кора. Дебелината е по желба, може да биде 1-1,5цм. Со калапче за колачиња извадете форми и наредете ги на чинија обложена со хартија за печење. Реоформете го тестото, додека да го искористите целото. Ставете ги срцињата во замрзнувач 30 минути.
3. Чоколадото растопете го. Јас користев комбинација од темно и розево чоколадо. За посна верзија користете само темно чоколадо.
4. Извадете ги срцињата од замрзнувач. Во секое срце протнете по едно стапче за ражнич и мацнете ги во стопеното чоколадо. Вратете ги на хартијата за печење додека да се стегне чоколадото. Декорирајте по желба. На здравје!