Испечати

Оризови нудли со зеленчук и пилешко

Оризови нудли со зеленчук и пилешко

Состојки

  • 200гр. оризови нудли
  • 1 пилешки надкопан
  • 1/2 страк праз
  • 1 тиквичка
  • 2 моркови
  • 1 рака крупно сецкани несолени индиски ореви
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажичка свеж рендан ѓумбир
  • 6 лажици соја сос
  • неколку ливчиња свеж коријандер
  • по потреба сол, бибер, маслиново масло

Подготовка

Подготовка:

1. Премачкајте го надкопанот со сенфот. Посолете, наросете бибер и посипете со маслиново масло.
Налејте малку повеќе вода, покријте со капак и оставете водата да зоврие. Потоа намалете на најтивко и динстајте околу 45-50 минути. По потреба додавајте топла вода.
2. Откако месото ќе биде убаво зготвено треба да ви остане вода (но не премногу), која ќе се користи за сервирање на нудлите.

3. Во тава со маслиново масло ставете го празот исецкан на тенки кругови, тиквичката и морковот исечени на ленти со лупалка за компири. Посолете сосема малку и оставете да се готват на среден оган. Оставете го зеленчукот покрцкав. Сосема на крај додајте ги индиските ореви, исцепканото месо, ѓумбирот и соја сосот. Измешајте убаво.

4. Во 2 литри малку солена зовриена вода ставете ги нудлите. Варете 4 минути. Исцедете ги убаво и измешајте ги со зеленчукот и месото. Сервирајте ги со малку од водата во која е динстано месото, уште некое индиско оревче и неколку ливчиња свеж коријандер.

Превкусно е пробајте.

*Забелешка - Индиските ореви може да ги тостирате. Јас ги оставив сирови бидејќи не сакав термички да ги обработам.