Колачиња со ленено брашно
Состојки
- 130г путер од кикирики (или било каков путер од јаткасти плодови)
- 80мл бадемово млеко
- 100мл јаворов сируп (или агаве)
- 1 лажичка ванила арома
- 1 лажичка цимет
- 80г ленено брашно
- 100г суво грозје
Подготовка
Подготовка
1. Во подлабок сад измешајте ги со лажица путерот, млекото, јаворовиот сируп, ванилата и циметот. Додајте го и лененото брашно и измешајте добро. На крај додајте го и сувото грозје. Не го додавајте цело, оставете дел од сувото грозје на страна за подоцна.
2. Добиеното тесто распоредете го во 12 калапчиња за мафини. Распоредете го сувото грозје што го зачувавте во секое калапче, притскајки по 2-3 зрна во тестото.
3. Печете околу 20 минути во загреана рерна на 160 степени. На здравје!