Испечати

Пица со мелено месо, сирења и јајца од потполошка

Пица со мелено месо, сирења и јајца од потполошка

Состојки

  • 2 полуготови замрзнати теста за пица
  • 250-300 гр мелено месо
  • 1 средна главица кромид
  • 200 мл доматен сос
  • зачини - пимент, сув мешан зачин, италијански зачин или оригано
  • 4 листа кашкавал
  • 4 листа моцарела
  • 8 потполошкини јајца
  • 100на гр Сланина

Подготовка

ПодготовкаЧ

1. Меленото месо и кромидот и сланината исечкани на ситни коцки испржете ги додека испари водата. Додадете ги зачините и доматниот сос. Пржете уште кратко време додека се убаво се соедини.

2. На полуготовото смрзнато тесто за пица најпрво ставете сос од филот и размачкајте насекаде, потоа одозгора распоредете од меленото месо. Врз него ставете листови кашкавал и моцарела, или само едното од двете и на крај скршете по 4 потполошкини јајца на секое тесто.

3. Поросете со италијански зачин или оригано и печете 10-15 минути во загреана рерна на 220С