Испечати

Солена тост торта

Солена тост торта

Состојки

  • 15 тост лепчиња
  • 300 гр мајонез
  • 3-6 листови кашкавал
  • 3-6 листови тост салама
  • 1 голема фатка спанаќ
  • 2 полни со куп лажици кајмак
  • 2-3 варени јајца

Подготовка

Формата на тортата која ја направив е мала, но висока. Потребна ни е подлога со долгнавеста форма за неа.

Подготовка:

1. Најпрво го запржуваме исечкан спанаќот на 1-2 лажици масло. Откако ќе омекни, исклучуваме рингла и го додаваме кајмакот. Мешаме да се соедини и тргаме од рингла.

2. Редиме по 3 тост лепчиња за секој спрат и ги премачкуваме со тенок слој мајонез од двете страни.

3. На првиот ред додаваме кашкавал, на вториот спанаќот со кајмакот, на третиот рендано варено јајце со малу сол и црн бибер, на четвртиот тост саламата и на петтиот последен, кој исто така го премачкуваме со мајонез, го украсуваме со останатото рендано јајце и по желба, масликни, морков, кисели краставички... кај мене беа црни маслинки и зелени со пиперче, а брокулата во цветовите солидно ми се исуши во фрижидерот, така јас ја изронив одозгора

*Забелешка - Мерката за кашкавалот и тост саламата варира од 3 до 6, во зависнот од тоа колку дебели или тенки парчиња користите. Исто така и за јајцата. Доколку се мали 3 или поголеми 2.