Испечати

Палента коцки со сос од праз

Палента коцки со сос од праз

Состојки

  • За подготовка на палента
  • 1 литар вода
  • 250гр. палента
  • 1 лажичка сол
  • малку црн бибер и маслиново масло
  • Сос
  • 1 голем страк праз
  • 1 сува пиперка
  • 2 лажици свежа козја рикота
  • малку сол и маслиново масло

Подготовка

Често палентата ја спремам во рерна . Овој пат ја искомбинирав со многу едноставни состојки спакувани во сос и на крај имавме супер вкусна вечера. И вкусно и лесно за јадење.

Подготовка:

1. Најпрвин ставете ја водата и солта да зовријат. Постепено со постојано мешање, со жица, додајте ја палентата. Намалете го оганот на најтивко и мешајте додека се свари. Јас користев палента која се вари 20-30 минути. Вие направете ја според упатството на пакувањето од палентата што ќе ја користите.

2. Откако ќе се свари додајте малку маслиново масло и бибер. Измешајте и претурете ја во правоаголен нелеплив сад. Оставете убаво да се олади, а потоа исечете ја на коцки.

3. Наредете ги коцките палента во плех обложен со хартија за печење. Печете на 220 степени, 25 минути. Во меѓувреме направете го сосот

4. Празот и пиперката исецкајте ги и ставете ги во тава со малку маслиново масло да се запржат.
Налејте малку вода, покријте со капак и оставете да се готви на тивок оган додека малку омекнат. Потоа префрлете ги во чаша за блендирање. Додајте ја рикотата и малку сол. Изблендирајте со рачен блендер. Испечените коцки палента сервирајте ги со сосот.