Спелтини кифлички
Состојки
- 350гр брашно од спелта
- 2лажички хималајска сол
- 170мл топла вода
- 5лажици маслиново масло
- 1 лажиче сусам
- 2лажичиња пециво
Подготовка
Убави спелтини кифлици,кои мене повеќе ми се како грицки. Здрави и вкусни.
Подготовка:
1. Од сите состојки замесуваме тесто. Тестото е тешко за работење, помалку тврдичко. Го делиме на 14 топчиња. Го оставаме да отстои некои 15 минути покриено со налон.
2. После 15 минути ги расукуваме на стандарден начин едно по едно. Ги редиме на тава и ги печеме додека не заруменат.
*Забелешка - По вкус и желба можете да ги намачкате со јогурт, па да попрскате сусам, можете со вода, па да попрскате сол.
На здравје