Испечати

Торта со лимон и капини (посно, веган)

Торта со лимон и капини (посно, веган)

Состојки

  • Основа
  • 2 чаши бадеми (или ореви)
  • 1 чаша урми (или суво грозје)
  • 2 лажици какао
  • прстофат сол
  • 1-2 лажици вода (по потреба)
  • 1 рака смрзнати малини (по желба)
  • Фил
  • 3 чаши индиски ореви (отстојани во вода преку ноќ)
  • 120мл јаворов сируп (или агаве)
  • 100мл кокосово масло (стопено)
  • рендана кора од два лимони
  • сок од три лимони
  • 1 лажица рендан какао путер (може да се замени со кокосово масло)
  • прстофат сол
  • 2 шољи одмрзнати капини

Подготовка

Подоготовка

1. Додајте ги сите состојки за основата (освен водата и малините) во процесор за храна. Обработете додека да се сомелат бадемите (или оревите). Додајте мала количина на вода додека да добиете смеса што ја задржува формата кога ќе ја притиснете во рака. Натапкајте ја основата во калап за чизкејк (23цм). Смрзнатите малини здробете ги малку, а потоа истурете ги во калапот и благо притиснете ги во основата. Оставете во фрижидер.
2. Омекнатите индиски ореви, процедете ги од водата и со сите други состојки за филот (освен капините) ставете ги во блендер. Обработете додека да добиете совршено мазна смеса. Доколку немате какао путер, ставете за 1-2 лажици поголема количина кокосово масло. Отприлика две третини од смесата додајте ја врз основата и вратете го калапот во фрижидер. Во остатокот од филот додајте ги одмрзнатите капини и обработете додека да добиете еднолична смеса. Додајте ја смесата во калапот и израмнете. Оставете во фрижидер преку ноќ.

Тортичкава е многу вкусна. Киселкаво - слатка и кремаста. Лесно се прави, лесно се сече и уште полесно се јаде. Доколку мислите дека нема да се изеде за 3-4 дена, исечете ја на парчиња и замрзнете ја. За повисока торта, користете калап од 20цм. На здравје!

*користев чаша од 250мл