Испечати

Веган тартуфи

Веган тартуфи

Состојки

  • 250 гр. суви бисквити без млеко и јајца
  • 200 гр. црно чоколадо
  • 200 гр. павлака од соја

Подготовка

Подготовка:

1. Бисквитите ги мелиме со сечко и ги додаваме во длабок сад.
2. Во сад на оган ја додаваме павлаката и сечканото чоколадо и мешаме додека не се растопи чоколадото.
3. Изладената смеса од чоколадо и павлака ја додаваме во садот со бисквитите и ги мешаме со лажица, додека смесата не стане хомогена.
4. Од смесата формираме топчиња и ги валкаме во шеќер , мелени ореви, лешници или кокос.
На здравје.