Веган крокети
Состојки
- 180 гр. варен наут или од конзерва
- 100 гр. варен компир
- 180 гр. свеж морков
- 115 гр. брашно
- попотреба сол, црн пипер, масло за пржење и пченкарно брашно
- пола варен кромид
Подготовка
Подготовка:
1.Морковите, кромидот, компирот и наутот ги мелeме со сечко, ги префрламе во сад за месење, ги зачинуваме и ги мешаме со лажица.
2. Во садот го додаваме и брашното и замесуваме, додека смесата не стане хомогена. Од смесата формираме крокети и ги валкаме во пченкарно брашно.
3. Ги пржиме на средна температура, со малку масло за пржење, додека не заруменат.
На здравје.