Испечати

Карамел кошнички (посно, веган)

Карамел кошнички (посно, веган)

Состојки

  • 60г овесни снегулки
  • 25г какао
  • 1-2 лажици јаворов сируп (или агаве)
  • 3 лажици кокосово масло (растопено)
  • 6 лажици лотус бискоф намаз (или карамел по избор)

Подготовка

Подготовка

1. Најпрво обработете го овесот во процесор за храна, додека не добие брашнеста структура. Потоа додајте ги останатите состојки (освен намазот) и измешајте добро.
2. Смесата притиснете ја во шест силиконски калапчиња за мафини (за полесно вадење). Ставете ги во замрзнувач 15тина минути.
3. Намазот загрејте го малку. Додајте по една лажица намаз во секое калапче. Ставете ги калапчињатa во фрижидер, додека да се стегне намазот. На здравје!