Испечати

Крем-тортици

Крем-тортици

Состојки

  • За тесто
  • 3 јајца
  • 200 гр. шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 кесичка пециво
  • 2 големи лажици какао
  • 100 мл млеко
  • 100 мл. масло
  • 200 гр брашно
  • За фил
  • 600 мл. млеко
  • 2 пудинзи од ванила
  • 100 гр. шеќер
  • 50 гр. бело чоколадо
  • 125 гр путер
  • 100 гр еурокрем
  • 1 кесичка шлаг пена изматена со 100 мл ладно млеко ( по желба)

Подготовка

Подготовка:
1. Јајцата претходно оставете ги кратко на собна температура Во длабок сад за матење скршете ги јајцата . Постепено додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер и матете со миксер, додека не се згуснат.Во садот додајте го млекото и маслото.

2. Во посебен сад соединете ги сувите состојки (брашно, какао, пециво).Така измешани додајте ги во садот со изматените јајца. Со лажица убаво изеднечете ја смесата и истурете ја рамномерно во голем плех од рерна. Печете во загреана рерна на 200 степени, 15-20 минути. Оставете тестото да се излади.

3. За подготовка на филот. Во сад на оган ставете да проврие 500 мл млеко во кое ќе го додадете шеќерот. Во друг сад на страна во останатите 100 мл млеко растворете ги двата пудинзи, Во провриеното млеко, на умерена температура, сварете ги пудинзите со постојано мешање, за да не добиете грутчиња низ филот. Во жешкиот пудинг измешајте го и сецканото чоколадо. Тоа од топлината ќе се растопи. Оставете пудиннгот да се лади.

4. Во друг сад изматете го пенесто путерот. Во него додајте го изладениот пудинг и еурокремот. Убаво со миксерот изматете додека да добиете хомогена смеса.

5. Изладеното тесто поделете го на два дела . Половина од филот нанесете го врз тестото. Преклопете со втората половина тесто. Повторно нанесете фил и оставете ги фулуваните кори да се изладат.

6, Сечете тортици со големина по желба. Може врз нив да ставите изматена шлаг пена.
.