Испечати

Непечен двобоен ролат

Непечен двобоен ролат

Состојки

  • за бисквитна основа
  • 250 гр. мелени бисквити
  • 100 гр. мелени ореви
  • 70 гр. шеќер во прав
  • 1 голема лажица какао
  • 100 гр. растопено темно чоколадо за готвење
  • 120 мл топло млеко
  • За фил
  • 125 гр путер
  • 70 гр шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 3 големи лажици млеко
  • 100 гр. мелени лешници

Подготовка

Убав декоративен десерт, за кој не се потребни повеќе од 30 мин за подготовка, и совршено вкусен.

Подготовка:
1.Започнете со подготовка на бисквитната основа. Во поголем сад ставете ги претходно сомелените бисквити и ореви, a во друг сад, на тивок оган, растопете го чоколадото.

2. Со садот со бисквитите и оревите додајте го шеќерот во прав, какаото , растопеното чоколадо и со млако млеко замесете тесто.

3. Плех со големина 30*40 см обложете го со најлонска фолија која ќе излегува малку од краевите (таа ќе ви помогне, потоа, полесно да го завиткате ролатот). Врз фолијата рамномерно распоредете го бисквитното тесто.

4. Во друг сад, на страна, со миксер, убаво изматете го путерот, кој претходно стоел за собна температура, со шеќерот во прав. Додајте го и ванилиниот шеќер, 3 лажици млеко и мелените лешници. Со миксерот убаво изедначете го филот. Нанесете го врз подлогата од бисквити. Со помош на фолијата замотајте цврсто ролат. Оставете го убаво да излади и стегне пред да сечете парчиња.

5. Кај нас немаше толку време. Кратко, околу 10 мин го ставив во замрзнувач и потоа го исеков. Сите беа воодушевени од вкусот. Супер десерт би бил за домашни имендени и слави.

*Совет - Ако немате лешници за филот, можете да ги замените и со кокос