Бомбици со суви смокви
Состојки
- 120гр суви, меки смокви
- 100гр мелени, тостирани ореви
- 20гр сува брусница
- Кора од 1 портокал ,одстоен претходно во вода со сода бикарбона
- Сок од портокал по потреба, околу 40,50мл
- 70гр растопено млечно чоколадо
- 1лажиче мед, до колку сакате, јас не користев
- Мелени ореви за обложување
Подготовка
Подготовка:
1. На сувите смокви им ја одстрануваме дршката. Ги сечиме на крупни парчиња и ги ставаме во чашата на нутрибулет. Тука додаваме сок и кора од портокал и растопено чоколадо. Во 2-3 наврати соединуваме, смесата да се изедначи.
2. Ги додаваме мелените ореви. Соединуваме.. Оставаме на ладно 15 минути. Потоа формираме бомбици, кои ги валкаме во мелени ореви. Сервираме.
*Предлог - До колку немате нутрибулет, користете машинка за мелење месо