Паста оброк со солен-сладок вкус
Состојки
- 150гр машнички тестенини
- Вода и сол
- 100гр батат компир
- 30гр зрна од калинка
- 30гр тостирани семки од сончоглед
- 10-15 беби листови од свеж спанаќ
- 100гр мешан кашкавал
- Сол, бибер, лимонов сок, маслиново масло
Подготовка
Подздрав:
1. Во касерола се ставаат да се варат машничките. Се процедуваат и се оставаат на страна.
2. Батат компирот го лупиме и сечиме на коцки. Го зачинуваме со зачини по сопствен вкус.
Го печиме или го вариме. И него го додаваме кај машничките, па сончогледот, зрната калинка, сецканите листови спанаќ. Зачинуваме и убаво соединуваме. Поставуваме стапчиња од кашкавал.
Сервираме.