Мача - фстак колаченца
Состојки
- 60г путер (собна температура)
- 50г шеќер во прав
- 120г брашно
- 1 лажичка ванила арома
- 1-2 лажици млеко
- прстофат сол
- 2 лажички мача
- 3-4 лажички вода (за мачата)
- една рака сецкани фстаци
Подготовка
Подготовка
1. Путерот изматете го со шеќерот. Додајте го брашното, ванилата, солта и млекото. Измешајте добро да добиете тесто. Поделете го тестото на два еднакви дела.
2. Мачата измешајте ја со водата и додајте ја во едното тесто. Измесете со рака додека да добиете еднолична смеса. Двете теста завиткајте ги во најлонска фолија и ставете ставете ги во фрижидер 15 минути.
3. Извадете ги тестата од фрижидер и расукајте ги во тенка кора со правоаголна форма. Ставете го зеленото тесто врз белото и завиткајте рола. Ролатот ставете го во замрзнувач околу половина час.
4. Исечете го ролатот на парчиња и извалкајте ги по рабовите во сецканите фстаци. Ставете ги уште 15 минути во фрижидер. Печете 12-15 минути во загреана рерна на 160 степени. Излегуваат 20тина минијатурни колачиња. На здравје!