Намаз од маслинки
Состојки
- 200 гр зелени обескостени маслинки
- 100 гр црни обескостени маслинки
- 1 лажица капари
- 1/2 главица кромид
- зачини, бибер, италијански зачин. сув лук по вкус
- 100 мл маслиново масло
Подготовка
Подготовка
1. Маслинките исчистете ги од коските и исечкајте ги.
2. Во блендерот ставете ги маслинките, капарите, исечканиот кромид, зачините и блендирајте десетина секунди. Смесата не треба да е многу мазна како паштета, доволно е да се спојат состојките, да биде компактна.
3. На тава ставете една лажица маслиново масло, загрејте го, па потпечете ги парчињата леб од двете страни. Ако печете повеќе леб тогаш ставете повеќе масло.
4. Над секое парче леб ставете од смесата од маслинки, можете да изрендате одгоре пармезан но и не мора, зависи од вкусот.