Испечати

Италијански кантучини

Италијански кантучини

Состојки

  • 2 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 350 гр брашно
  • 1 лажичка пециво
  • 300 гр јатки (бадеми, лешници, фстаци)
  • 2 лажици кандирана кора од портокал
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер

Подготовка

Подготовка:
1. Ставете ги јацата и шеќерот во некоја вангличка или рачно или со миксер, на најмала брзина, изматете ги додека шеќерот не се растопи.
2. Во јајцата ставете ги јатките, пецивото, кандираната кора од портокал, ванилата и брашното. Со рака измешајте, додека се добие компактна смеса.
3. Тестото поделете го на два дела. Имајте ја при рака тавата во која ќе печите и прекријте ја со хартија за печење.
4. Со намрсени раце формирајте две векни од двата дела тесто (ширина отприлика 4-5 цм а висина 2 цм).
5. Ставете ја тавата во загреана рерна на 180 степени, дваесетина минути, а потоа извадете ја, нека се подлади некоја минута и секоја векна исечете ја отприлика на парчиња со дебелина од 1 цм. Парчињата наредете ги пак во тавата и вратете ги во рерната да се допечат. После 5-6 минути извадете ја тавата, превртете ги парчињата и печете ги уште 5-6 минути.
Уживајте во нивниот вкус со кафенце, со чајче, со убаво друштво...