Испечати

Путер Сусамки

Путер Сусамки

Состојки

  • 1 чаша (од 200мл) Сусам (или 100гр)
  • 1 чаша (од 200мл) Шеќер (или 170 гр)
  • 1 м.л. Путер (или 15 гр)

Подготовка

Денешен мој предлог за брзо, крцкаво заблажување се овие сусамки, кои од класичните сусамки се разликуваат само по тоа што овде додадов путер, и со самото тоа се за нијанса помеки и попрактични за јадење, ама сепак крцкави. Доколку се одлучите за помека варијанта на сусамки, тогаш мој предлог ви се сусамките со мед https://moirecepti.mk/post/сусамки-со-мед-без-шеќер, кои веќе претходно ги имам споделено. Секако, ако сте љубители на овој десерт од нашето детство, за која и варијанта да се одлучите нема да погрешите.

Подготовка

1. Во сува тава го ставаме сусамот, и на средна температура го пржиме со постојано мешање (за да не изгори) до посакуваната боја. Потоа го префрламе во друг сад, да олади.
2. Во друга исто така, сува тава го ставаме шеќерот. Уклучуваме на средна температура, и кога ќе почне да се растопува шеќерот, мешаме до карамелизирање. Штом целосно се стопил шеќерот, го додаваме путерот. Мешаме да се стопи путерот, па го додаваме сусамот. Промешуваме до хомогенизирање.
3. Веднаш, оваа смеса се става врз едно парче мрсна хартија за печење. Рамниме со дрвената лажица, па покриваме со друго парче мрсна хартија и повторно рамниме, но овој пат со сукало.
4. Го тргаме горниот лист и со остар нож сечеме парчиња со големина по желба.

На здравје!