Кокос- чоко торта
Состојки
- Основа
- 50 гр урми
- 130 гр овесни снегулки
- 3 лажици кокосово масло
- 1 лажица мед
- Бел фил
- 50 гр лешници
- 200 мл густо кокосово млеко
- 50 гр кокос
- 3 лажици агаве сируп
- Чоколаден фил
- 1 авокадо
- 200 мл густо кокосово млеко
- 50 гр стопено темно чоколадо со 70% какао
- 1 лажица какао
- 3 лажици мед
Подготовка
Подготовка:
1. Основа- Урмите ги ставаме во вода да стојат 20тина минути. Во блендер ги ставаме овесните снегулки, исцедените урми, кокосовото масло и медот. Блендираме. Смесата ја ставаме во округол калап со обрач со дијаметар 18 цм. Ја натапкуваме на дното.
2. Бел фил- Во блендер ги ставаме лешниците и кокосовото млеко, блендираме. Во смесата го додаваме кокосот и агаве сирупот. Блендираме. Ја оставаме смесата во фрижидер неколку часа. Потоа ја ставаме врз основата и рамномерно ја распределуваме. Тортата ја ставаме во фрижидер.
3. Чоколаден фил - Во блендер ги ставаме авокадото и кокосовото млеко. Блендираме. Ги додаваме стопеното темно чоколадо, какаото и медот. Блендираме да се добие хомогена и кремаста смеса. Ја оставаме смесата во фрижидер неколку часа да се стегне. Потоа ја ставаме врз белиот фил и рамномерно ја распределуваме. Тортата ја ставаме во фрижидер. Украсуваме со кокос и сецкани лешници