Кралска пита (Galette des Rois)
Состојки
- Основа
- 1 пакување готово лиснато тесто (500г)
- Фил
- 1-2 лажици мармалад од кајсии
- 100г путер (собна температура)
- 100г шеќер
- 1 јајце
- 100г бадемово брашно (или мелени бадеми)
- 2 лажици рум
- За премачкување
- 1 жолчка
- пола лажичка слатка павлака
- 50г шеќер
- 30мл вода
- 1 лажица рум
Подготовка
Подготовка
1. Лиснатото тесто оставете го преку ноќ во фрижидер да се одмрзне.
2. За филот, изматете го путерот со шеќерот, а потоа додајте го јајцето. Изматете и на крај додајте го бадемовото брашно и румот. Измешајте убаво со лажица.
3. Поделете го лиснатото тесто на два дела и од секој дел расукајте тенка кора и исечете две исти кружни форми со дијаметар околу 23цм. Едната кора поставете ја на плех, обложен со хартија за печење и премачкајте ја во средината со мармаладот од кајсии, а врз тоа додајте го филот. Оставете 2-3цм по рабовите празни. Премачкајте го празниот дел од кората со четкичка со вода, а потоа поклопете со втората кора. Залепете по краевите со благ притисок и направете мали засекувања по целата должина навнатре (како на сликите).
4. Изматете една жолчка со пола лажичка слатка павлака. Премачкајте одозгора во тенок слој, внимавајќи да не се растекува и избегнувајќи ги краевите. Оставете ја вака подготвена во фрижидер најмалку еден час.
5. Извадете ја од фрижидер и премачкајте ја со уште еден слој од жолчката. Со остар нож засечете ја плитко по површината, направете шари по желба. Дупнете го тестото на повеќе места со чепкалка или со нож.
6. Печете 20 минути во загреана рерна на 200 степени, потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 25-30 минути. Додека се пече, растопете 50г шеќер во 30мл вода. Кога ќе се растопи целосно шеќерот, додајте рум и измешајте. Штом ја извадите од рерна премачкајте ја со шербетот. Може да се послужи топла или на собна температура. На здравје!