Испечати

Здрави колачиња

Здрави колачиња

Состојки

  • 2 зрели банани
  • 1 сварена дуња
  • 6 лажици овес
  • 50 гр сечкани ореви
  • 50 гр чоколадни капки

Подготовка

Подготовка:

1. Сварената дуња изгмечете ја. Истото направете го и со бананите.
2. Во нив додајте ги оревите, овесот, чоколадото и измешајте.
3. Вклучете ја рерната на 180 степени. На прекриен плех ставете ги колачињата, може и со две лажички, а може и со лажица за сладолед.
4. Печете 20-25 минути.