Авокадо мус торта
Состојки
- Основа
- 120г мелени биквити
- 80г стопен путер
- Фил
- 300г исчистено авокадо
- 90мл ладна вода
- 15г желатин
- 2 лажици лимонов сок
- 240мл млеко (поделено 120мл+120мл)
- 240мл слатка павлака (поделено 120мл+120мл)
- 120г шеќер
- Прелив
- 80г темно чоколадо
- 80мл слатка павлака
Подготовка
Подготовка
1. Измешајте ги бисквитите со путерот и натапкајте ги на дното од калап за чизкејк (20цм). Оставете во фрижидер да се стегне.
2. Авокадото заедно со 120 мл млеко и сокот од лимон обработете ги во блендер и тргнете на страна.
3. Желатинот ставете го во водата да набабри.
4. Останатите 120мл млеко, заедно со 120 мл слатка павлака ставете ги во тенџере на оган и загревајте до пред зовривање. Тргнете од оган, додајте го желатинот и мешајте, додека да се растопи целосно. Потоа измешајте го со изблендираното авокадо.
5. Останатите 120 мл слатка павлака изматете ги со шеќерот и додајте ги во филот. Измешајте убаво со лажица. Додајте го филот во калапот и оставете во фрижидер најмалку 6 часа.
6. За да го подготвите преливот, чоколадото стопете го со слатката павлака и прелијте го врз филот. Оставете во фрижидер додека да се зацврсти. На здравје!