Дилбер баклава
Состојки
- За шербет
- 400 мл вода
- 300 гр шеќер
- 2 лажици сок од лимон
- Тесто
- 350 гр брашно
- 1 јајце
- 200 мл јогурт
- 150 мл масло
- 1 лажиче прашак за печење
- Уште
- 150на гр толчени или ситно сечкани ореви
- 30на гр нишесте
- 2х2 см коцка путер
Подготовка
Подготовка
1. Прво сварете го шербетот. Откако ќе зоврие намалете ја температурата и варете го 7 минути. Потоа додадете го сокот од лимон и варете уште 3 минути. Оставете да излади.
2. Од состојките замесете мазно тесто. Тестото месете го 3 минути обавезно. Потоа поделете го на 11 дела, направете топчиња, покријте ги убаво и оставете ги да одморат половина час.
3. Секое топче со сукало се сучи во дијаметар од 20 см и се редат едно врз друго. Ова е ако сакате баклавата да дојди како усни. Ако сакате да е разлистана, како оваа мојата, тогаш меѓу секое исукано тесто нанесувате нишесте. Јас решив прво вака со нишесте да ја пробам, а следен пат без, па ќе видиме како ќе е поубава.
4. Нареденото тесто исукајте го со дебелина од 4 мм и со поширока чаша или кружно калапче вадете кружни форми. Полнете ги со толчените ореви и превиткајте ги, но не ги стегајте, само нежно. Финтата е додека се печат благо да се отворат.
5. Наредете ги во плех, премачкајте ги со стопен путер и печете на 190С околу 20-25 минути, зависно од вашата рерна.
6. Испечената баклава по една минута додека е жешка, прелијте ја со лажица, секое одозгора со ладниот шербет. Одозгора посипете ореви, фстаци или кокос.