Пенести желатин коцки
Состојки
- За подлога
- 150 гр 150 гр бисквити
- 1 филџан млеко
- За пена делот
- 700 мл млеко
- 6 лажици шеќер
- 2 ќесички (20 гр) желатин
- 2 прашак за шлаг крем од ванила
- 100 гр чоколадни наполитанки
- Уште
- 1 прашак за шлаг крем од чоколадо
Подготовка
Подготовка
1. Во 100 мл млеко растворете го желатинот, а остатокот ставете го да се загрее до точка пред вриење (јас ставив половина само да се загрева, можете и така за побрзо ладење покасно).
2. Тргнете од рингла и додадете го здрвениот желатин во млекото. Мешајте убаво да се стопи и оставете го да олади. Млекото кое не го ставив комплетно, го додадов сега, така чекањето за ладење станува пократко.
3. Откако ќе биди млака смесата ставете ја кратко во замрзнувач, но често проверувајте да не замрзни. Треба да се згусти и да дојди како пудинг.
4. Шлагот од ванила изматете го спрема упатството на ќесичката земајќи ја онаа мера за правење фил за торти.
5. Прво измиксирајте го желатинираното млеко, па потоа во него додадете го изматениот шлаг и матете уште 15 минути.
6. Наредете ги бисквитите претходно намакaни во млеко 4х5. Јас користев слични на плазма бисквити и ги редев во црвениот ростер. Врз бисквитите истурете ја пена смесата и израмнете.
7. На крај изматете го чоколадниот шлаг крем, исто спрема упатството на ќесичката и премачкајте одозгора. Оставете го преку ноќ во фрижидер и потоа сечете на коцки.