Колачи - Сладолед на стапче
Состојки
- 200 мл млеко
- 200 гр лешник карамели
- 6 лажици шеќер
- 2 лажици какао
- 125 гр маргарин
- 200 гр чоколадо
- 350 гр мелени бисквити
- 1 пакетче (125 гр) карамел бисквити
- За глазирање
- 150 гр бело чоколадо
- 150 гр црно чоколадо
Подготовка
Одамна сакав да направам колачиња со ваков изглед, но моментот му дојде сега, за празниците. Како долго време имав и карамели дома, кои веќе се стврднале од чекање, решив да си креирам сама рецепт, за се да ми е комплетно мое, но и да ги искористам и карамелите, кои прво ги омекнував во микробранова, за да можи да се работи, потоа регуларно со создавањето на рецептот. Малку се помачив додека ја стокмам густината на смесата, за да се добијат формите при што внимавав да го запазам вкусот кој покасно ќе мами да се земи уште едно колаче, па уште едно... и, ете ме, многу задоволна.
1. На средна помала температура, загрејте го млекото и додадете ги карамелите да се стопат. Потоа додадете ги шеќерот, какаото, чоколадото и маргаринот.
2. Тргнете од рингла и истурете ја течноста во вангла за месење во која сте ги ставиле мелени бисквитите и колачињата. Измешајте убаво и оставете да подолади.
3. Потоа правете форми, забодете стапче и ставете ги во замрзнувачот да се стегнат.
4. За тоа време стопете ги чоколадата, додајте масло, за да ја изрегулирате густината колку ќе има потреба спрема составот.
5. Макајте ги колачите во чоколадо и украсете ги со перли, мелени потпечени лешници, како ви е желба.