Испечати

Ролат од филовано мисиркино филе во лиснато тесто

Ролат од филовано мисиркино филе во лиснато тесто

Состојки

  • 600-700 гр мисиркино филе
  • 1 главица кромид
  • 100 гр сланина
  • 1 јајце
  • 2 парчиња леб
  • 3 лажици суви боровинки
  • 100 гр пршута
  • 500 гр лиснато тесто
  • 1 јајце за премачкување

Подготовка

Подготовка:
1. Одберете парче мисиркино филе отприлика 600-700 гр. Пресечете го по средина,но не до крајот, кога ќе се отвори да се добие поголема површина. Исчукајте ја од сите страни.
2. На малку масло пропржете ја ситно исечканата сланина, па додајте една главица кромид. Испржете го и тргнете го на страна да се олади. Во него ставете ја средината од двете парчиња леб, претходно натопени во малку млеко и исцедени, јајцето, боровинките, претходно искиснати во топла вода. Зачинете и убаво измешајте. Со оваа смеса премачкајте го месото и завиткајте го во ролат.
3. Ролатот убаво стегнете го во алуминиумска фолија и ставете го во загреана рерна на 200 степени половина час. Потоа извадете ја фолијата и вратете го ролатот во рерната да се допечи, да добие убава боја од сите страни.
4. Лиснатото тесто расучете го. Внимавајте да е отприлика со големина малку поголемо од ролатот. По средината поставете ги парчињата пршута, ставете го ролатот и завиткајте го месото со лиснатото. Вишокот тесто исечете го и со него можете да го украсите готовиот ролат од месо и лиснато. Одозгора премачкајте го со јајце и печете го на 180 степени можеби половина час, да зарумени лиснатото. Нека се подолади, па можете да го служите.