Пита од спанаќ
Состојки
- 4 јајца
- 1/2 лажичка сол
- 300-350 гр. брашно
- 1 пакетче пециво
- 200 мл. јогут или кисело млеко
- 120 мл. зејтин
- 150 гр. спанаќ
Подготовка
Јајцата заедно со солта со миксер изработете ги како за пандишпан, потоа се додава млекото или јогуртот и зејтинот - се' се меша, па се додава брашното во кое веќе сме го измешале пецивото, пак се промешува и се додава на крајот исецканиот спанак. Да се измеша повторно и се истура во подмачкано плекце бр.24. Се пече во предходно загеана рерна.
Да ви е слатко!