Ресана колач
Состојки
- За пандишпанот
- 5 јајца
- 25 лажици шеќер
- 25 лажици млеко
- 25 лажици масло за јадење
- 25 лажици брашно
- 1 прашок за печиво
- За филот
- 2 замрзнати портокали
- 100 мл. вода
- 300 гр. шеќер
- За глазура
- 200 гр. чоколадо за готвење
- 9 лажици масло за јадење
Подготовка
Подготовка
1. Во сад за матење со миксер, матете ги јајцата со шеќерот, додека не се запенат јајцата, а шеќерот се растопи убаво. Потоа додадете ги млекото и маслото за јадење, а на крај додадете ги прашокот за печиво и брашното. Матете додека смесата не стане хомогена.
2. Во тава за печење со димензии 30см на 40 см, обложена со хартија, додадете ја смесата за пандишпанот и печете ја во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Кога испечениот пандишпан ќе се олади исечете му ги краевите, отприлика по 2 см од секоја страна, кои подоцна ќе ги издробите и употребите во филот.
3. Подготовка на филот - Замрзнатите портокали изрендајте ги со ренде и додајте ги во сад, во кој ќе ги додадете шеќерот, водата и издробените краеви од пандишпанот. Матете ги состојките со лажица, додека не се растопи шеќерот.
4. Подготовка на глазура и филување на колачот - Во сад на пареа растопете го чоколадото заедно со маслото за јадење. Филот премачкајте го врз пандишпанот и прелијте го колачот со глазурата. Колачот оставете го да се лади во фрижидер два часа и послужете го со парче свеж портокал.