Печен наут со зачини
Состојки
- 500 гр варен наут
- 20на гр маслиново масло
- 1 рамна лажица црвен пипер
- 1 лажица куркума
- 1/2 лажиче црн бибер
- 1 рамно лажиче лук во прав
- 1 лажиче прованса зачини
- 1 полно лажиче сол (и повеќе по потреба и желба)
Подготовка
Подготовка:
1. Исцедете го наутот и измешајте го со маслото. Зачините измешајте ги посебно и потоа додадете ги во наутот и убаво измешајте да се респоредат рамномерно. Секако, мерките на зачините и изборот можат да варираат спрема желбите и вкусовите, но овде идејата е пред се во преден план.
2. Префрлете ги зрната во тава обложена со пек хартија. Внимавајте да се распоредени во еден слој и печете на 180С, 40на минути.
3. Додека се печат ќе се меки, па ако можите и успеете, убаво е еднаш во тек на печењето малку да ги размрдате, ако не ви „фаќа око“ не е ништо страшно, и така се можи.
Уживајте во грицкањето!