Испечати

Тивко крчано месо од дивеч во земјена тава

Тивко крчано месо од дивеч во земјена тава

Состојки

  • 1кгр месо од дивеч
  • Маринада
  • 100мл црвено вино
  • 50мл вински оцет
  • Вода по потреба
  • Зрна бибер, малку сол
  • За готвење
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 корен пашканат
  • 1/4 лавица целер
  • Лук по желба
  • 5,6 зрна јенибар
  • 2 ловоров листа
  • 1 лажиче зачин
  • 2,3 гранчиња мајчина душичка
  • 3,4 лажици масло
  • 150гр чадено месо
  • Малку црвен пипер
  • 2,3 компири
  • Десетина црни сливи
  • Вода или бујјон по потреба

Подготовка

Гурмански ручек, празничен.

Подготовка:

1. Прво месото од дивеч го оставаме да отстои во ладна вода. По потреба често ја менуваме.
2. Сега во сад ставаме вода, оцет, црвено вино, зрна бибер и сол. Го додаваме месото и оставаме да отстои 12 часа. Го процедуваме, течноста ја фрламе. Го ставаме месото во тенџере.
3. Во еден сад соединуваме масло, малку зачин, коцки морков, целер и пашканат. Соединуваме и го нанесуваме зеленчукот врз месото. Нека отстои така 2,3 часа.
4. Во тава загреваме масло. Ги пржиме коцките чадено месо. Го префрламе во земјена тава. Во маснотијата ги пржиме кромидот, морковот, пашканатот, целерот. Оние кои беа врз месото. И нив ги ставаме во тавата. Ги запржуваме парчињата месо. И нив ги ставаме во тавата. Додаваме јенибар, бибер, сол, зачин, ловор, мајчина душичка, црвен пипер. Промешуваме.
5. Налеваме бујон или вода. Ставаме капак или фолија на тавата. Крчкаме 1 час. Сега ги додаваме и црните сливи. Па ги превртуваме парчињата месо. Крчкаме на тивко уште 1 до 2 часа. Ги додаваме коцките компир. Ако има потреба само малку додаваме течност и готвиме уште 30 до 40 минути.
Сервираме топло.
Уживаме во гурманскиот ручек со чаша црвено вино.