Испечати

Ручек во земјена тава со свинска удина и пилешки стек

Ручек во земјена тава со свинска удина и пилешки стек

Состојки

  • 600гр свинска удина
  • 400гр свеж пилешки стек
  • 300гр маринирани шампињони
  • 1 поголема црвена пиперка капија
  • 2 црвени домати
  • 1 или 2 главици кромид
  • Сол, бибер, зачин Масло

Подготовка

Подготовка

1. Во земјената тава го ставаме ситно сецканиот кромид.
Ставаме масло. Го додаваме сецканото пилешко и свинско месо на парченца. Промешуваме и оставаме во рерна на 150,160 степени да си крчка на тивко, отприлика околу 1 час. Повремено промешуваме.
2. Ја вадиме тавата од рерна и кога месото си останало скоро на мрсното, ги додаваме излупените, сецкани домати и сецканата пиперка. Додаваме сол, бибер, зачин. Враќаме во рерна да си крчка на тивко уште еден час. Промешуваме повремено.
3. Кога е испарена течноста додаваме малку црвен пипер и полеваме малку со бело вино или вода. Ги додаваме шампињоните и нека си крчка уште 30 минути. Сепак треба да има малку сос, да не биде суво јадењето.
Сервираме топло.