Бел ролат
Состојки
- Тесто
- 6 белки
- 100г шеќер
- 1 лажица густин
- 100мл млеко (собна температура)
- 100г брашно за колачи
- 2 лажици зејтин
- 1 ванилин шеќер
- Фил
- 250мл слатка павлака
- 1 лажица шеќер
- 2 лажици млеко во прав
- 1 ванилин шеќер
- 1 лажичка рум
Подготовка
Подготовка
1. Белките изматете ги со шеќерот и ванилата. Додајте го и густинот и измешајте. Во млекото додајте две лажици од снегот од белки и измешајте. Потоа додајте го просеаното брашно за колачи и зејтинот и измешајте добро. Додајте ја смесата кај снегот од белки и измешајте со лажица добро. Распоредете ја смесата на плех, обложен со хартија за печење (38х28цм). Печете во загреана рерна на 160 степени 15 минути. Оставете го тестото целосно да се олади.
2. Изматете ја слатката павлака со останатите состојки за филот.
3. Оладеното тесто прекријте го со најлонска фолија, превртете го и одлепете ја хартијата за печење. Оставете 2-3 лажици од филот, а со остатокот премачкајте го тестото по целата површина и израмнете убаво. Завиткајте го ролатот внимателно. Завиткајте го со најлонската фолија и оставете го во фрижидер неколку часа, најдобро преку ноќ.
4. Одвиткајте го од фолијата и поставете го на чинија за послужување. Декорирајте со остатокот од филот и струганици бело чоколадо. По желба, наместо со филот, може само да го поросите со шеќер во прав.
Многу мек и вкусен ролат. На здравје!