160 Минијатурни Лиснати Грицки
Состојки
- 250 гр Путер (на собна температура)
- 1 Јајце (големина Л)
- 1 м.л. Сол
- 1 Пециво
- 150 гр Кашкавал (рендан)
- 150 гр Сирење (дробено)
- 250 гр Кисело млеко (исцедено од течноста)
- околу 700 гр Брашно
- За премачкување - 1 јајце
- За поросување - сусам по потреба
Подготовка
Овие малечки превкусни грицкалици се идеални за мезе и ќе ја збогатат вашата празнична трпеза.
Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме редоследно наведените состојки, од кои брашното го додаваме на крај. Замесуваме нелепливо тесто, кое го завиткуваме во стреч фолија и го оставаме во фрижидер околу 3 часа.
2. Потоа тестото го делиме на 10 исти топчиња (кои тежат околу 150-160гр). Го зимаме првото топче, останатите 9 во меѓувреме завиткани со стреч фолија стојат во фрижидер. На работната маса со помош на сукало расукуваме округла кора со дијаметар од 30 цм. Кората ја сечеме на 16 исти делови (видете дополнителни слики). Секое делче го формираме како класичните кифлички. Постапката е иста со останатите 9 топчиња.
3. Формираните грицки ги редиме во плех врз хартија за печење. Ги премачкуваме со јајцето и им наросуваме сусам.
4. Печеме во загреана рерна на 190 степени до заруменување (јас печев околу 35 минути).
5. После печењето ги оставаме потполно да изладат, па ги дегустираме.
Забелешка - Од оваа доза испаѓаат точно 160 парчиња, кои ги печев во 3 плеха.
На здравје!