Испечати

Посни полнети пиперки со печурки и ореви

Посни полнети пиперки со печурки и ореви

Состојки

  • 8-10 црвени пиперки (зависно од големината)
  • 1/2 страк праз
  • 1/2 главица кромид
  • 250 гр. свежи шампиљони
  • 1 изрендан домат
  • 100 гр. ориз
  • 1 рака ситно сецкани ореви
  • зачини по вкус, сол, бибер, мешан сув зеленчук, црвен пипер....

Подготовка

Изненадувачки добра комбинација на вкусови. Посно и совршено вкусно јадење.

Подготовката е следна
1. Во тава на оган, на малку масло, пропржете ги исецканиот кромид и праз, на умерена температура. Откако ќе добијат стаклест изглед, додајте ги ситно сецканите печурки и продолжете со пржење. Ставете го и оризот кратко да се запржи. Тука додајте го ренданиот домат ( може да искористите и пелати од конзерва) и налејте половина чаша вода. Зачинете по вкус и оставете оризот до половина да се подвари. (околу 10-тина минути). Додајте ги оревите и убаво промешајте ја смесата за полнење.

2. Овој период од годината, јас користам замрзнати црвени пиперки кои исчистени од семето ги вадам од замрзнувач непосредно пред полнење. Но секако може и свежи. Наполнете ги со филот од печурки и ориз. За да не ми истече филот, додека се печат, јас ги затворам со парчиња компир.

3. Наредете ги во тава за печење. Попрскајте со масло, налејте малку вода и ставете ги, покриени со фолија, во рерна на 200 степени. По 30 мин отстранете ја фолијата и вратете во рерна да се допечат.