Испечати

Бела Божиќна торта

Бела Божиќна торта

Состојки

  • За кора
  • 12 белки
  • 12 големи лажици шеќер
  • 300 гр. мелени ореви
  • 100 гр. мелени бисквити
  • За фил
  • 800 мл. млеко
  • 12 жолчки
  • 12 големи лажици шеќер
  • 4 големи лажици густин
  • 1 кесичка пудинг од ванила
  • 250 гр. бело чоколадо
  • 375 гр. путер
  • 100 гр. шеќер во прав

Подготовка

Убава, богата, кремаста торта која изобилува со раскошен вкус на чоколадо и ванила е мојот избор за десерт на Божиќната трпеза.
Подготовката е следна

1. Јајцата претходно нека бидат оставени кратко на собна температура. Во два посебни сада одделете ги белките од жолчките.
2. Со најголема брзина на миксерот, пенесто изматете ги белките и постепено додавајте шеќер. Треба да добиете густ шам. На крај во така изматените белки додајте ги мелените ореви и бисквити. Со лажица убаво измешајте , за да добиете хомогена смеса. *Пециво нема во тестото
3. Ставете ја добиената смеса во голем плех од рерна во кој претходно сте ставиле хартија за печење. Печете во заргеана рерна на 180 степени 15-20 мин. Оставете испеченото тесто убаво да се излади.
4. За подготовка на филот во сад на оган ставете да се грее 500 мл млеко во кое ќе го додадете шеќерот. треба да почне да врие. Во друг сад ставете го остатокот од млекото, густинот, пудингот и 12-те жолчки. Убаво измешајте се да се изедначи , за потоа да немате грутчиња во филот. Истурете ја оваа смеса во зовриеното млеко и на умерена температура со постојано мешање , варете го кремот. Пред крај додајте го ситно сецканото чоколадо за готвење. Тоа брзо ќе се стопи од топлината на кремот. Оставете убаво да се излади.
5. Откако кремот од жолчки ќе се излади , изматете го пенесто путерот со 100 гр шеќер во прав. Во него постепено додавајте од изладениот крем-пудинг и постојано миксирајте. Ќе добиете многу убав кремаст фил.
6. Тестото поделете го на три кори. Врз првата кора нанесете 1/4 од филот, па преклопете со наредната кора. Така правете додека не завршите со сите кори. Останатиот фил ставете го во готварска кеса и украсете ја тортата. Оставете убаво да се излади во фрижидер. Ќе се изненадите од богатиот вкус.
Среќни празници.