Шарлота со портокали
Состојки
- 250мл свежо исцеден сок од портокал
- 80г шеќер
- 1 кесичка желатин
- рендана кора од 1 портокал
- 250г грчки јогурт (или павлака)
- 300мл слатка павлака
- 80г шеќер во прав
- 200-250г пишкоти
Подготовка
Подготовка
1. Сокот од портокал, желатинот, кората од портокал и шеќерот измешајте ги во тенџере и оставете да отстојат 5 минути. Потоа загревајте на оган, додека да се стопат шеќерот и желатинот. Оставете ја смесата да се олади 15тина минути.
2. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав во посебен сад.
3. Кај сокот од портокали додајте го јогуртот/павлаката и измешајте. Потоа додајте ја и изматената слатка павлака и измешајте се добро.
4. Во калап за торта (20цм) наредете ги пишкотите. Страните и дното од калапот треба да бидат покриени со пишкоти. Потоа наполнете со подготвениот фил.
5. Оставете во фрижидер преку ноќ. Извадете ја тортата од калапот и декорирајте по жалба. Вкусен, освежителен и лесен за подготовка десерт.
На здравје!