Раванија со јогурт
Состојки
- Мерка - 1 чаша од 200мл.
- 3 јајца
- 1 чаша зејтин
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша гриз
- 1 чаша брашно
- 1 пак. пециво
- рендана кора од 1/2 лимон (опционално)
- 100гр. мелени бадеми
- Шербет
- 2,5 чаши шеќер
- 3 чаши вода
- чаши вода лимон (опционално)
Подготовка
Подготовка:
1. Модла за куглоф премачкајте ја со зејтин и наросете со брашно. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
2. Најпрво подгответе го шербетот. Сите состојки ставете ги да се варат. Штом зовриjат, намалете ја температурата на средна и оставете да врие 15-20 минути. Тргнете на страна.
3. Јајцата заедно со ванилиниот шеќер изматете ги добро, додека смесата да згусне и осветли. Додадете ги останатите состојки, кратко изматете. Ќе добиете густа смеса. Префрлете ја во модлата за печење и ставете да се печи околу 40 минути (направете проверка со дрвена чепкалка).
4. Откако се испекло, оставете раванијата 5 минути да отстои во модлата, па натурете ја со млакиот шербет. Оставете така да се излади во модлата и да го впие шербетот, па префрлете на тањир за послужување.
На здравје.