Испечати

Блага погача - Ѕвезда

Блага погача - Ѕвезда

Состојки

  • 380г брашно
  • 160мл млеко (млако)
  • 120г путер (собна температура)
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 1 кесичка сув квасец
  • прстофат сол
  • 5-6 лажици лешник крем (или мармалад)
  • малку млеко или разматено јајце (за премчкување)
  • малку шеќер во прав

Подготовка

Подготовка

1. Квасецот го мешаме со млекото и 1 лажица шеќер. Оставаме 15тина минути да отстои.
2. Брашното, солта, останатиот шеќер, циметот и прстофат сол ги додаваме во подлабок сад. Го додаваме млекото со кавсецот и замесуваме тесто. Месиме 10-15 минути. Го оставаме да стасува покриено околу 1 час.
3. Тестото го делиме на 4 еднакви делови од кои формираме топчиња. Првото топче го расукуваме на набрашнета површина. Треба да има кружна форма и да биде со дебело 3-4 милиметри. Го ставаме на плех обложен со хартија за печење. Премачкуваме со 1-2 лажици омекнат лешник крем. Го повторуваме истото и со останатите три топчиња тесто, ги редиме едно врз друго. Последното тесто не го премачкуваме со крем.
4. Со чаша или калапче за колачи обележете ја средината на кругот (не сечете, само благо притиснете). Потоа исечете на еднакви 16 дела (како на сликата). Истовремено, со двете раце земете по едно делче и извиткајте ги по два пати во спротивна насока (кон нанадвор) и спојте ги на врвот. Повторете го тоа со сите 16 делчиња. Покријте ја погачата и оставете да стасува уште 40-60 минути.
5. Премачкајте со разматено јајце или малку млеко и печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути. Оставете да се олади, па поросете со малку шеќер во прав.

Јас користев џандуја крем, а може да се направи со намаз по желба, мармалад или мешавина од шеќер и цимет. Секако е мека и вкусна. На здравје!