Испечати

Празничен солен колач со изненадување

Празничен солен колач со изненадување

Состојки

  • 8 јајца
  • 450 гр брашно
  • 2 лажичиња пециво
  • 220 мл млеко
  • 220 мл масло
  • 7-8 брикети замрзнат спанаќ
  • 150 гр кашкавал
  • 150 гр печеница
  • 10 црни маслинки

Подготовка

Солен, вкусен, декоративен дел од вашата празнична трпеза.
Подготовка:
1. Не ви треба миксер, доволно е една рачна маталка. Ставете ги најпрво јајцата, малку сол и рачно изматете ги. Потоа додајте го млекото и маслото. Промешајте. Додајте го брашното и пецивото и убаво измешајте ја смесата, за да не останат грутчиња.
2. Поделете ја смесата на два дела. Во едниот додајте го спанаќот, одмрзнат и исцеден. Јас додадов и малку зелена боја за поинтензивна боја.
3. Прво испечете го делот со спанаќот. Печете во правоаголен калап за леб прекриен со хартија. Рерната загрејте ја на 180 степени и печете со проверка со чепкалка. Кога ќе се испечи нека се олади малку, извадете го од калапот и пресечете три ленти по должина. Од секоја се елка-калапче извадете максимален број елкички.
4. Во другиот дел ставете ја печеницата, кашкавалот и маслинките пресечени на коцкички. Во истиот калап на дното ставете неколку лажици од смесата, па наредете ги елкичките исправено, една до друга. Останатата смеса прелијте ја врз нив.
5. Вратете го калапот во рерната и допечете го. Отприлика половина час му треба ама проверувајте со чепкалка.
6. Одозгора премачкајте го со павлака, наросете со трошки од преостанатиот зелен дел од елките и украсете по желба.
Ви посакувам Среќна Нова година!