Испечати

Ќофте шпагети во доматен сос

Ќофте шпагети во доматен сос

Состојки

  • половина пакетче шпагети
  • 450 мл. доматен сос
  • 2 парчиња ситно сецкан лук
  • ќофте
  • 300 гр. мелено месо
  • 1 јајце
  • 1/2 ситно сецкана главица кромид
  • 1 ситно сецкано лукче
  • 1 лажица пченично и пченкарно брашно
  • 1 чаша вода по потреба

Подготовка

Подготовка:

1. Започнуваме со подготовка на ќофтето. Во длабок сад ги додаваме меленото месо, ситно сечканиот кромид, лук, јајцето, брашното, сенфот и зачините. Смесата добро ја месиме и ја оставаме во фрижидер половина час. И од неа формираме ќофте. Ги пржиме и ги тргаме во сад на страна.

2. Во тавата во која се пржеше месото го налеваме сосот од домати, лукот и зачинуваме. Кога сосот ќе почне да врие ги додаваме шпагетите. Во зависност од густината додаваме и малку вода и постепено мешаме. Кога шпагетите ќе бидат варени и сосот згуснат, посолуваме со сол, бибер и вегета.

3. Во тавата ги додаваме и предходно испрженото ќофте. Добро мешаме и додаваме ситно сечкан магдонос.

Добар Апетит!

Јас додадов и малку макарони и така добив една добра мешана порција. Овај начин на приготовка на тестенините е малку специфичен, но вкусот на шпагетите варени во сосот е многу поразличен.