Бајадера со карамели и лешници
Состојки
- 3 Јајца (големина Л)
- 300 гр Шеќер
- 200 гр Лешник Карамели (сецкани)
- 1 (250гр) Путер (маргарин)
- 200 гр Лешници (мелени)
- 250 гр Плазма Бисквити (мелени)
- За глазура - 100 гр Чоколадо (растопено на пареа со 3 г.л. масло)
Подготовка
Превкусна е единствениот збор кој најдобро ја опишува оваа бајадера. Барем верувам дека тоа е така за љубителите на вкусот на лешници, чоколадо, карамели. Јас како љубител на тој спој, по мој вкус ја направив оваа комбинација на истите.
Подготовка
1. Во сад на пареа (или тенџерче што е на пареа) ги ставаме шеќерот и јајцата, претходно убаво разматени со маталка за јајца. На умерена температура, постојано мешаме, околу 10 минути, за да се растопи целосно шеќерот, па ги додаваме сецканите карамели. Мешаме до нивно комплетно растопување. Може да се убрза овој чекор со претходно растопување на карамелите во микробранова печка, или гмечете ги со лажица за пире. Кога ќе се растопат целосно карамелите, го додаваме путерот, мешаме да се стопи.
2. Тргаме настрана, нека олади 5 минути, па оваа смеса ја истураме врз мелените лешници и плазма бисквити (претходно соединети). Мешаме до соединување.
3. Се префрла смесата во сад во кој сме ставиле мрсна хартија (кај мене со димензии околу 30х15), рамниме убаво, па одозгора ја ставаме чоколадната глазура.
4. Нека се здрви глазурата на собна температура, па сечеме парчиња во големина од 4цмх2цм (или по желба).
*Забелешка - На пола од бајадерата, по мој вкус одозгора врз чоколадната глазура ставив поситно сецкани лешници.
На здравје!