Испечати

Чоколадни новогодишни колачиња

Чоколадни новогодишни колачиња

Состојки

  • 200 гр бела млечна чоколада за готвење
  • 100 гр црна чоколада за готвење
  • панделчиња од фондан
  • црвена боја прехрамбена
  • неколку капки рум
  • сина прехрамбена боја
  • зелена прехрамбена боја
  • жолта прехрамбена боја
  • шеќерни топчиња, ѕвездички
  • силиконски калапчиња

Подготовка

Овие чоколадни колаченца се дел од нашата новогодишна трпеза веќе неколку години наназад. Превкусни, ефтини колачиња, за кои вие е потребно малку повеќе трпение, силиконски калапчиња, неколку состојки, и љубов. Јас силиконските калапчиња ги имам купено од дуќанчињата на пазар и многу ми се наоѓаат.

Подготовка:

1. Ја топиме белата чоколада на пареа со малку масло и право ставаме во калапчето со чорапчиња и бастунчињата. Тие се цели бели. Во едните јас ставив малку рум.
2. Во делот на калапчето кај што е дедо мраз, премачкуваме само со бела чоколада во делот на капата и брадата, кој дел подоцна, кога ќе се зацврсти, го премачкуваме со растворена боја. Јас обично ја растворам со капка две масло и вода, во малечко капаче оти не е потребно многу.
3. За елките исто во растопено бело чоколадо, додаваме малку растворена зелена боја. Тука само да кажам дека од Етерика боите во прав се совршени, и се добива одлична боја. Со така добиената зелена боја ги полниме калапчињата со елки.
4. Ги ставаме во замрзнувач да се стврднат убаво, и потоа сите ги декоримаме по желба. Освен дедо мразовците, кај нив е малку подолга постапката. Штом се здрви белиот дел, калапчето го дополнуваме со црна растопена чоколада и повторно го ставаме калапот во замрзнувач, за на крај да ги обоиме црвените делови односно капата негова.
5. Исто така јас си ги правев и панделчињата, со фондан, и си ги боев и сечев сама со калапчиња од интернет нарачани. Ама тие мора да постојат некој ден пред да ги користиме, за да се исуши убаво фонданот. Ама можете и да најдете готови се продаваат. Малку повеќе време одземаат ама кога ќе се види насмевката на лицето од синко, а и другите дечиња се е друго небитно.
Среќни празници.