Леб во тенџере без месење
Состојки
- Варијанта 1
- 0,5 гр брашно
- 20 гр свеж квасец или 7 гр сув
- 1 лажиче шеќер
- 0,4 мл топла вода
- 2 рамни лажички сол
- 2 лажици маслиново масло
Подготовка
1. Редоследно додадете ги состојките во сад за матење и мешајте со шпатула или дрвена лажица.
Покријте го тестото и оставете го еден час на топло да се дуплира.
2. Потоа на набрашнете работна површина нежно премесете го тестото со мешање од краевите кон средината и оформете го во топка. Така треба да отстои покриено 20 минути, па да се префрли врз пек хартија. Јас го ставив порано за да избегнам лепливост.
3. За тоа време рерната сме ја загреале на 250 степени и сме го ставиле тенџерето со се капак да се загрее. Тестото го префрламе во загреаното тенџере, побрашнуваме одозгора и засекуваме со остар нож. Затвораме со капакот и печиме половина час.
4. Доколку лебот одозгора нема поруменето допекуваме 10 минути без капак. Кај мене со капакот солидно си фати боја, веројатно дека имаше луфта, па допекувањето остана повторно исто, со се капакот. Печениот леб извадете го од тенџерето и ставете го на решетка да се лади.