Божиќен нутела ролат
Состојки
- За пандишпанот
- 5 јајца
- 180 гр. шеќер
- 1 лажица мед
- 150 гр. брашно
- 75 гр. густин
- За филот
- 500 гр. крем сирење
- 6 лажици нутела
- За филот за декорација
- 500 мл. слатка павлака
- 2 лажици нутела
- попотреба црвена прехрамбена боја
- поотреба бел, црн, црвен и зелен фондан
Подготовка
Подготовка на пандишпанот
1. Во сад за матење со миксер, матете ги јајцата. Kога сосема малку ќе бидат изматени, додајте го шеќерот и медот и матете ги додека смесата не се триплира.
2. Брашното и густинот исеете ги со помош на цедалка и додајте ги во изматените јајца на три пати и мешајте со шпатула, додека смесата не стане хомогена.
3.Тавата за печење, со димензии 30см на 30 см, обложете ја со хартија за печење и додајте ја смесата, распоредете ја рамномерно насекаде низ тавата. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути, зависно од рерната или проверете со чачкалица, за да бидете сигурни дека пандишпанот е готов. Кога пандишпанот ќе биде изладен разделете го на три делa и пред да ја филувате тортата намокрете малку со ладно млеко.
Подготовка на филот
1. Во сад за матење додадете ги крем сирењето и нутелата, матете со миксер, додека смесата не стане хомогена.
Подготовка на филот за декорација
1. Во сад за матење со миксер, матете ја слатката павлака, додека не се згусти. Мал дел од изматената слатка павлака, измешајте ја со прехрамбената црвена боја, а останатиот дел со нутелата.
2. Филувајте го ролатот со филот од крем сирењето и нутелата. Надворешно премачкајте го со филот од слатка павлака и нутела. Со помош на готварски шприц нанесете ја розевата слатка павлака, како на фотографијата, а од фонданот направете очиња, уста, топчиња, ливчиња и декорирајте го ролатот. Или препуштете и се на фантазијата и направет го по ваша желба.
На здравје.