Испечати

Брз плазма рум десерт

Брз плазма рум десерт

Состојки

  • 300 гр Компири (мерени излупени)
  • 300 гр Плазма бисквити (мелени)
  • 150 гр Шеќер во прав
  • 1 г.л. Какао
  • 100 гр Путер
  • 100 гр Чоколадо (за готвење)
  • 3-4 г.л. (по вкус) Рум екстракт
  • За глазура - околу 200 гр чоколадо, стопено на пареа со 6 г.л. масло.

Подготовка

Овој десерт, кој се прави многу брзо, може да се направи и во посна варијанта (со користење на посни бисквити и маргарин), го препорачувам најмногу на љубителите на вкусот на рум. Невообичаено за овој десерт, кој е еден од постарите рецепти кои ги имам, е тоа што тука се користи варен компир, кој придонесува за кремастата структура, но ве уверувам дека доколку не им спомнете на дегустаторите за оваа состојка, не се препознава воопшто присуството на компирот.

Подготовка

1. Компирот го лупиме, миеме и сецкаме на мали коцкички. Го ставаме да се вари.
2. Откако ќе се свари компирот, го цедиме целосно, го гмечиме со лажица за пире, па го префрламе во сецко, за да добиеме покремаста структура. Доколку немате сецко, овој чекор не мора да го направите, само гмечете додека да добиете фино пире.
3. Путерот и чоколадото ги топиме и ги додаваме кај пирето.
4. Ги додаваме и шеќерот во прав, какаото, мелените плазма бисквити и рум екстрактот. Соединуваме со рака до хомогенизирање.
5. Од добиената смеса може да експириментирате по желба. Јас најчесто ја префрлам смесата во соодветен сад, обложен со стреч фолија, па врз неа ја ставам чоколадната глазура, врз која може, ама и не мора да ставите мелени плазма бисквити. По стегнувањето на глазурата, сечеме штангли со големина 4цмх2цм. Овојпат освен на тој начин, дел направив како бомбици, дел од смесата ставив во калап. Декорирав со кокос и мелена плазма.

На здравје!