Кифли
Состојки
- 500 гр. просеано бело брашно
- 1 сув квасец
- 1 пециво
- 1 лажиче сол
- 2 шеќер
- 30 гр. путер
- 80 гр. кисела павлака
- 1 белка
- по потреба топло млеко - околу 250 мл.
- по потреба омилени семки
- 1 јајце - за премачкување
Подготовка
Неизбежни на секое празнично мени. Меки, со посебен шмек и вкус од павлаката и путерот. Ќе ви се допаднат.
Подготoвка:
1. Во просеаното брашно се додаваат сувите состојки, убаво се мешаат. Се прави вдлабнатинка и се додава киселата павлака (отстоена на собна температура), белката, омекнатиот путер и постепено се додава топлото млеко да се замеси и добие убаво сјајно, меко тесто.
2. Се остава на топло да стасува, околу 1 час.
3. Потоа на намрсена подлога се истура тестото, се дели на два дела. Од секој дел се отвора кора и се сечат триаголници со сакана големина. По желба ставаме фил од испасирано сирење помешано со жолчка. Така се повкусни. Се виткаат кифли. Се редат во плех на хартија.
4.Се премачкуваат со разматено јајце и посипуваат со семиња по желба. Стасуваат 30 мин, па одат на печење.
5.Се печат околу 20 мин. на 200 степени, во претходно загреана рерна.
На здравје!