Испечати

Ред велвет ролат

Ред велвет ролат

Состојки

  • Тесто
  • 5 јајца
  • 120г шеќер
  • 60г путер (растопен)
  • 80г брашно
  • 1 лажичка какао
  • 1 лажичка црвена боја
  • Фил
  • 120г бело чоколадо
  • 250г крем сирење
  • 60г путер (собна температура)
  • 50г шеќер во прав

Подготовка

Подготовка

1. Одвојте ги белките и жолчките. Белките изматете ги во цврст снег со половина од шеќерот, а жолчките матете ги неколку минути со втората половина од шеќерот. Додајте ги белките кај жолчките и измешајте со лажица. Потоа додајте го и путерот и брашното и мешајте со лажица до целосно соединување.
2. Ставете 2-3 лажици од смесата во шприц за декорација и на плех обложен со хартија за печење (38*28цм) направете декорации по желба. Печете во загреана рерна на 180 степени 2-3 минути, само да се зацврсти смесата.
3. Во остатакот од смесата додајте го какаото и црвената боја и измешајте убаво. Добиената смеса истурете ја во плехот за печење врз декорацијата. Печете 15-20 минути на 180 степени. Веднаш по печењето завиткајте го ролатот со помош на хартијата за печење. Оставете го да се олади целосно.
3. Белото чоколадо растопете го и оставете го да се олади 15-20 минути.
4. Крем сирењето изматете го со шеќерот во прав и путерот, а потоа додајте го и чоколадото. Изматете до соединување.
5. Одмотајте го ролатот и премачкајте со филот. Повторно завиткајте во ролат, завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер преку ноќ.
Алтернативно, може да се премачка одозгора со 200 мл изматена слатка павлака со 2-3 лажици шеќер во прав и да се декорира по желба.

На здравје!