Испечати

Полнети суви смокви со ганаш

Полнети суви смокви со ганаш

Состојки

  • 250 гр суви смокви
  • Врела вода
  • 100гр црно чоколадо 45% какао маса
  • 70мл слатка павлака
  • За потопување
  • 50гр слатка павлака
  • 50гр црно чоколадо

Подготовка

Многу вкусни и лични колачи, кои ќе ја збогатат празничната трпеза.
Превкусниии, се топат во устата

Подготовка

1. Прво сувите смокви ги потопуваме во врела вода, да отстојат околу 30 минути, да омекнат. Потоа ги ставаме на чиста кујнска крпа да се исушат.
2. Сега со помош на некоја алатка, или со стапче за ражничи, го прошируваме делот кој е спротивен на дршката на смоквата. Тука ќе полниме со подготвениот ганаш.
3. На тивок оган ја ставаме слатката павлака да се загрее. Го додаваме чоколадото. Од кога е изедначено го префрламе ганашот, во ќесе, во кое има и мала алатка од шприц за полнење. Од кога ќе се згусни малку, внимателно ја полниме секоја смоква од отворот кој го направивме.
4. Ги ставаме во сад длабок, за да не истече ганашот и оставаме во фрижидер 15 минути. Потоа внимателно ја фаќаме секоја смоква за дршката и ја потопуваме во подготвениот прелив. Ги редиме на хартија да се стегнат.
Ги сервираме и ги послужуваме.
Забелешка, по желба може да се додаде и лажиче овошен ликер