Украсни јајца печурки
Состојки
- 5 Јајца
- 4 лажици Мајонез
- 50 гр Шунка
Подготовка
Подготовка:
1. Јајцата сварете ги. Штом се сварени, горниот дел од јајцата исечете го и извадете ги жолчките.
2. Сварете црн чај и во него ставете ги исечените врвоти од јајцата, за да се обојат.
3. Жолчките изгмечете ги со вилушка, додајте ситно сечена шунка и мајонез, посолете, промешајте. Со оваа смеса наполнете ги јајцата. Одозгора ставете ги обоените капачиња. Украсете по желба.
Добар апетит!